Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Кате, Тромбе и Донев на гости им дојде студентката и активистка Елена Савеска, личноста позади иницијативата „Мисли Малце“. После воведниот дел каде тие сами го дискутираат снегот кој повторно нѐ изненади, им се приклучи Елена (05:15) со која поразговараа за идејата околу „Мисли Малце“, фидбекот од самата иницијатива, за состојбата кај нас во државата и проблемите со кои се соочуваат младите кај нас.