Во најновата епизода на Јустинијан збори на Џоле, Тромбе, Кате и Донев во гости им доаѓа Дарко Булдиоски, основач на NewMediaMK, програмски директор на AllWeb конференциите и домаќин на подкастот "#Комкаст". Со него, тие разговараат за подкасти, подкасти и повеќе подкасти - од идејата и предизвиците со водењето на Комкаст уште од 2011 година, подкаст културата кај нас, па се до тоа што се е потребно за еден добар подкаст.