Elena Djebr

Elena Djebr

Download on the App Store

Elena Djebr episodes

  • #93 Зошто твојот живот не е онаков каков што сакаш?

    Секогаш си мислела дека ако работиш напорно, ќе го имаш животот кој го сакаш. Но зошто се чувствуваш заглавено? Во оваа епизода зборуваме за изборите што ги правиме секој ден, за невидливите навики што нè држат далеку од она што навистина го сакаме и како со мал, свесен чекор можеш да го промашиш или трансформираш својот живот.Секојдневните, мали избори имаат моќ да го обликуваат твојот живот повеќе од големите одлуки.


    28 min
  • #92 Како да останеш верна на себе, кога сите имаат мислење за тебе?

    Секогаш некој има нешто да ти каже, но што ако твојот пат е различен? Во оваа епизода, ќе откриеш како да ги игнорираш туѓите очекувања и да останеш фокусирана на тоа што вистински сакаш. Ако се чувствуваш изгубено во морето на мислења, оваа епизода ќе ти покаже како да се вратиш во себе.



    23 min
  • #91 Што правиш кога твоето его е поголемо од успехот?

    Секој успех има своја цена!Што се случува кога твоето его станува поголемо од твојот успех?

    Во оваа епизода, истражуваме како да останеме на патот на личниот раст, без да дозволиме успехот да ни го замагли погледот. Ако се чувствуваш како да имаш изгубено контрола, оваа епизода ќе ти помогне да се вратиш во центарот на својот раст. Слушни повеќе практични стратегии како да го управуваш својот успех и да останеш скромна и фокусирана на патот.


    38 min
  • #89 Три прашања што менуваат се!

    Како да знаеме што да пуштиме до нас?

    Кои се трите филтри кои треба да ги имаме во секојдневната комуникација?

    Три сита кои можат да станат твој најдобар филтер за тоа што да слушаш, што да пренесеш и што да оставиш да замине.

    17 min
  • #87 Кога болката не доаѓа само од она што се случило, туку од тоа што правиме со неа

    Во оваа епизода зборувам за:

    • како да ги препознаеш двете стрели во сопствениот живот,

    • зошто е тешко да останеш само со првата болка,

    • и како да се ослободиш од вториот, невидлив напад, оној што го правиме врз себе.


    Болката е неизбежна. Но страдањето е избор.
    Оваа епизода е покана да се ослободиш од стрелата што не мора да ја носиш повеќе.

    12 min

About Elena Djebr

From the publisher's feed

Додека не станете среќни со она што сте, никогаш нема да бидете среќни со она што го имате.