Во оваа епизода заедно со Фросина Божиноска зборуваме за невидливиот товар на мајчинството, менталниот товар и оптоварување, за кое никој не зборува, а често дури ни самата мајка не е свесна за истото. Ова е епизода која мора да ја слушне секоја мајка, па и татко. Споделуваме што значи овој невидлив товар, кои се неговите последици и препораки како полесно да се функционира. Малку повеќе за свесноста дека и покрај тоа што мајката може да направи многу, не може истото одма и сега, туку за некои работи е потребно време и место.