Што да правите доколку немате можност да посетите психотерапија? Во оваа епизода споделувам повеќе начини да работите на својот личен раст и развој и грижа за менталното здравје, кои не носат со себе и финансиски товар и многу време. Ве молам, имајте на ум дека овие препораки се само доколку сакате да посетувате психотерапија во функција на личен раст и развој, а не за третирање на вознемирувачка или посериозна психолошка состојба.