Во мај 2017 година, делегатите на Абориџините и Островјаните од Торес Стрејт, се собраа на Национална уставна конвенција на Првите нации во близина на Улуру од каде го презентираа “Соопштението на Улуру од срце” пред австралискиот народ. Во Соопштението се бара воведување на Глас на Првите нации во парламентот, како составен дел на уставот и процес на договарање (Договор) и кажување на вистината. Тоа беше кулминација на 13 целни регионални дијалози ширум Австралија со заедниците на Првите нации. Соопштението е обид да се воспостави однос помеѓу австралиските Први народи и австралиската нација заснован на вистина, правда и самоопределување. Музиката е на Френк Јама. Фотографијата на Џими Видерс Хант.