Понекогаш една фотографија може да раскаже цела приказна – а во времиња на сиромаштија, неизвесност и масовно заминување, можела да биде и почеток на еден брак. Токму оваа необична страна на македонското мигрантско искуство ја раскажува „The Photo“, англискиот превод на „Љубов по слика“ од Јагода Здравеска Котеска. На неодамнешното претставување во Мелбурн, литературниот преведувач Пол Филев зборуваше за предизвикот една македонска приказна за љубовта, миграцијата и надежта да ја пренесе до нова, англискојазична публика. Ви пренесуваме дел од атмосферата од промоцијата во Мелбурн и разговорот со Пол Филев.