Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра во финалето од групата Ц на Лигата на нациите. Предводени од капитенот Горан Пандев Македонија го совлада Косово со 2:1.
Последната пречка пред избраниците на селекторот Игор Ангеловски за пласман на толку посакуваното прво "историско" Европско првенство ќе биде Грузија, која ќе биде домаќин на финалниот натпревар на 12 ноември годинава.
Во октомврискиот циклус натпревари од Лигата на нациите од групата Д, Македонија на 11 октомври гостува кај Естонија а на 14 октомври ја пречекува Грузија.
Македонската фудбалската репрезентација до 21 година забележа победа над Казахстан со 4:1 со што си ги зголемува шансите за пласман на младинското ЕП.
Рокдејл Илинден ќе игра натпревар за првото место на табелата во Премиер лигата на Нов Јужен Велс, Сиднеј Македонија ќе игра во големото финале во третата Премиер лига а Вулонгонг јунајтед во Илавара Премиер лигата ја започнува финалната серија.
Во тонскиот извештај во линкот погоре можете да слушнете поопширно за овие натпревари но и за натпреварите на екипите од македонската заедница низ лигите во Австралија.