Жаклина Михајлова, автор од Сиднеј, вели дека новонастанатите услови на пандемија со коронавирусот што повеќето ученици ги затвори дома, треба да се искористат за да се читаат, што е можно повеќе книги.
Г-ѓа МИхајлова која е долгогодишен просветен работник и претседател на Македонскиот-Просветно училишен одбор за НЈВ, вели дека нејзините книги за деца се, пред се, наменети за Македончињата во Австралија, со цел на забавен начин, да им помогне да ги зачуваат своите корени и македонскиот јазик.
Нејзината прва книга "Патувањата на Дедо Мраз" беше издадена пред 7 години на македонски и на англиски, а уште десетина сликовници чекаат да бидат илустрирани.
Г-ѓ Михајлова се надева дека ситуацијата со коронавирусот ќе биде надмината и дека ќе може достојно да ја претстави детска литература на македонски јазик на Меѓународниот конгрес на книги за деца што треба да се одржи од 5-7 септември во Москва.